Ој винце голо

Од Wikisource
Винце, ле, винце,
златно именце.
Кој те тебе љуби,
капа да си губи.
Еј, винце голо,
ми продаде волот.
На мене еден,
на брата ми двата.
Винце, ле, винце,
златно именце.
Кој те тебе пие,
по сокаци спие.
Кој те тебе сака,
по сокаци скака.
Винце, ле, винце,
златно именце.
Кој те тебе пие,
без невеста спие.
Кој по тебе ита,
по меани скита.

Поврзано[уреди]