Прејди на содржината

Ој Месечино, новино

Од Wikisource
Ој Месечино, новиној, леле,
јасно да грејеш мори, вечерва.
Јасно да грееш вечервај леле,
по бела Јана, леле, ќ' одиме.
Кога по Јана ојдовме, лелеј,
вишни ем црешни, леле, ц'теја.
Вишни ем цреши цатеја, леле,
бели пченици леле, класеја.
Бели пченици класеа, леле,
и в' зори вода, мори, течеја.
Кога се назад враќавме, леле,
вишни ем цреши, леле, обрале.
Вишни ем цреши обрале, леле,
бели пченици, леле, ожнале.
Бели пченици ожнале, леле,
и в' зори вода, леле, секнале.

Поврзано

[уреди]