Прејди на содржината

Ој Коруне

Од Wikisource

Ој Коруне

од македонскиот фолклор
македонски народни песни


- Ој Коруне, млад Корун,
зошто Корун море, не доаѓаш
како што ми Корун, доаѓаше?
Секој петок, Корун, и сабота,
негде-годе, Корун, и недела.

- Мори Недо, мори
бела Недо,
сум чул Недо мори
си имала,
си имала Недо,
машко дете,
машко дете Недо,
Костадинче.

Се метнало, Недо,
на татка му,
на татка му Недо
ќесеџија.[1]
На чичко му Недо
бинекчија,[2]
на вујка му Недо
арамија.[3]

Се попалил Недо
да ме фати,
крвнината Недо
да ја врати.
На татка му Недо,
на чичко му,
на чичко му Недо
и вујко му.


Наводи

[уреди]
  1. Ќесеџија е разбојник, човек кој краде сечејќи ги ќесињата на жртвите.
  2. Бинекчија е коњаник, добар јавач
  3. Арамија е крадец, разбојник

Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.