Ојде дедо во градина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ојде дедо во градина
Во градина кај цвеќина
Таму најде девојчина
Та им вели и говори
Ај кажете девојчина
Која од вас - ќе ме земи.
Прва вели и говори
А бре дедо стари дедо
Избричи си брадичката
Подкастри си мустаќите
Јас бре дедо ќе те земам
Јас бре дедо - ќе те земам.
Втора вели и говори
А бре дедо стари дедо
Продај си ја кобилата
Кобилата и колата
Јас бре дедо ќете земам
Јас бре дедо - ќе те земам.
Трета вели и говори
А бре дедо стари дедо
Запали си куќичката
Изгори си бабичката
Јас бре дедо ќете земам
Јас бре дедо - ќе те земам.
Си запали куќичката
Си изгоре бабичката
Па се врати кај момите
А моми ми побегнале
Почнал дедо да си плачи
Да си плачи да си реди.
Стара беше ме крпеше
Стара беше ми готвеше
Стара беше ме љубеше
И, на старост ме топлеше
И, на старост ме топлеше.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни