Отишло моме
Изглед
- Отишло моме вода да налее
- горе на крај село, горе кладенецот
- море кладенецот под дрво високо.
- Ајде нешто виде моме во водата
- сенка му се сени од дрво високо
- од дрво високо, дрво јаворово.
- Ајде кога крена главата нагоре
- море ми видело одно лудо младо
- едно лудо младо, цело изврзано.
- Тогаш лудо вели ајде на момето
- ај подај ми моме ѓумот бакарлија
- вода да се напијам уста да си оладам.
- Ајде вети лудо, дека ќе ме земиш
- вода ќе ти дадам грло да оладиш
- и ќе те одврзам од клети синџири.
- Тогај лудо вели ајде на момето
- двајца ќе бегаме во гора зелена
- каде ти ќе гинеш и јас покрај тебе.