Отвори Лено вратничка

Од Wikisource
Отвори Лено мори вратничка, вратничка, (х2)
сос твојта бела десна ракичка, ракичка. (х2)
Не можам Кољчо ја бре да станам, да ј’ отворам, (х2)
мајка ми леже лудо, до мене, крај мене.
широк ми фустан лудо, под неја, под неја.
Трагни го скини Лено фустанот, фустанот, (х2)
јас ќе ти купам Лено, пошарен, поарен. (х2)

Белешка[уреди]

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Костас Новакис