Од умот се поизгубив
Изглед
- Од умот се поизгубив з' едно лично девојче,
- пет години го милував,
- па се страмев, па се срамев да ѝ речам.
- Оди мајко проговори, скришем, скришем да ѝ речиш,
- оди мајко проговори,
- скришем, скришем, скришем, скришем да ѝ речиш.
- Збогум синко, мили синко, јас ќе одам да ѝ речам.
- Добро јутро мила ќерко.
- Дал бог добро, дал бог добро стара мајко.
- Син ми ќерко те милувал па се срамел да ти речит,
- син ми ќерко те милувал,
- па се срамел, па се страмел да ти речит.
- Кога син ти ме милувал, заш не казал од порано?
- Кога син ти ме милувал,
- з'ш не кажал, з'ш не кажал од порано?
- Сега си сум посвршено з' едно лично ергенче,
- сега си сум посвршено,
- з'едно лично, з'едно лично охриѓанче.