Од борбата/ 14 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
13 песна „14 песна“

од народното творештво
15 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од с.Ороеово, Битолско.

Другари, верни другари!
Кога ќе вие сјодите,
крај село да помините,
на мајка ми да кажите –
што Панде падна загина
од тешки бумби фашиски.
Мајка ми да ме жалеи
дури и гледат очите,
либето да не ме жали,
оти ми беше неверно.


Поврзано[уреди]


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.