Прејди на содржината

Огин го гори Брезово

Од Wikisource
Огин го гори Брезово,
Македонијо, Македонијо.
Ордан со чета навлегол, Македонијо
во поробено Брезово.
И на дружина говори, Македонијо:
„Станете браќа, не спијте.
Земете бомби, куршуми,
со душман ќе се биеме“.
Ордан на чета говори,
Македонијо, Македонијо:
„Земајте бомби, куршуми,
тиран сомлете,
слобода да добиеме“.
Грмеа бомби, куршуми, Македонијо,
крвава борба започна.
И викна Ордан војвода:
„Го зазедовме Брезово“!

Поврзано

[уреди]