Облогот му бил да го делат еден голем колбас (суџук) со уста и кој ќе скине со заби поголемо парче од суџукот, тој да го земе сиот суџук.
Со прво го лапнал едниот крај од колбасот Немецот и Шопот го фатил само конецот од крајот од колбасот со заби и му викнал на Немецот:
— Шваба, дали си готов?
За да му одговори Швабата на Шопот требало да ја отвори устата со самати заби, чунки Немците наместо готов сум да речат, али да речат да, ти велат ја. Во истото време кога го прашал Шопот: „Готов ли си Швабо?“, тој му одговорил:
— Ја!
И Шопот го тргнал конецот што го држал со себи и му го тргнал целиот колбас од устата на Швабата и си го испекол, та си го изел мезе со ракија, а пустиот Немец си останал бел во очите.