Облак се вие, орлите пиштат

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Облак се вие, орлите пиштат,
Балканот ја пее грозната песна,
Дали врни, грми ил се земја тресе,
Или се борја од корен корнат?
Ниту врни, грми, нит' се земја тресе,
Ниту се борја од корен корнат.
Буки се сечат, спици се прават,
На Македонците под нокти редат.
Фурни се горат, железа се топат,
На Македонци-усти затворат.
Дали има уште, кој да не знае,
До каде е наш'та Македонија?
Има ли уште, кој да не знае,
До каде е наш'та Македонија?
Штип, Куманово, Струмица и Струга,
Ѓевѓелиско поле, дур' до Солуна,
Таму живеат само Македонци,
Само Македонци-славни јунаци.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика