Нико, Нико мори, меанџико

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нико, Нико мори, меанџико,
Чини есап, Нико, да ми платиш,
Што ти служев, Нико, три години
Сум решило, Нико, да се женам.
Еј Стојане, море измеќаре,
Ако сакаш, Стојан, да се жениш,
Јас си имам, Стојан, измеќарки,
Која сакаш, Стојан, таа земи.
Нико, Нико мори, меанџико,
Татко ми оставил проклетија,
Да не земам, Нико, јас девојка,
Тук да земам, Нико, јас вдовица.
Еј Стојане, море, млад Стојане,
Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
Ако сакаш, Стојан, ти вдовица,
Седи овде, Стојан, земај мене.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика