Не се фаќај Доне Донке до мене

Од Wikisource
Не се фаќај Доне Донке до мене,
Срцето ми гори Донке за тебе.
Еј, што те заљубив,
Еј, па те изгубив.
Кога војник Доне Донке јас одев,
И орото Доне Донке го водев.
Еј, што те заљубив,
Еј, па те изгубив.
Ни година Доне Донке не пројде,
За другого Доне Донке ти појде.
Еј, што те заљубив,
Еј, па те изгубив.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика