Не плачи Лено мори

Од Wikisource
Не плачи Лено, мори, не жалај, де,
не рони с`лзи, мори, крвави.
Не топи сајаче шарено,
зар тука не е, мори, правено.
В Желево село мори предено,
в Желево село мори убаво.
В Желево село, мори, предено, де,
Неволени село, мори, ткаено.
Охридски извор, мори, белено,
на мермер камен, мори, чукано.
В Солуна града, мори, шиено.
Девет терзии, мори, го шиле, де,
триста си игли, мори, скршиле.
Товар си конци, мори, свршиле,
в Лерина града, мори, донесено.
И на Елена е дарено,
да носи Лена, мори, да пее.

Поврзано[уреди]