Не ми го лажи Ѓорѓи момето

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам,
момето ми е Ѓорѓи малечко.
Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам,
од седум-осумнаест години.
Не ти го лажам бабо момето, џанам,
оно се само лаже по мене.
Оно се само лаже по мене, бабо,
по мојта рамна снага висока,
по мојта руса коса кадрава.

Поврзано[уреди]