Не лажете се другарки

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не лажете се другарки
љубов да водите,
љубовта е отровна
отровен беше и тој.
На улицата го сретнав,
со друга стоеше
со грбот ми се обрна
и тивко ми рече.
Јас си заљубив друго,
заљуби си и ти.
Писмата твои ги изгорев,
изгори ги и ти.
Од тука право си дома
на мама ѝ кажав.
Запалив силен оган
писмата ги изгорив.
Од дома право си тргнав
во Рилскиот манастир.
Облеков црната руба
до црната земја.
Излегов да се прошетам
и него го видов,
со грбот му се обрнав
и тивко му реков.
Познаваш ли ме познаваш
која калуѓерка сум?
Јас сум калуѓерката
што верно те љубеше.
Тогај се земја затресе
и небо загрми,
двајца се прегрнавме
и мртви паднавме.

Поврзано[уреди]