Не кажувај либе добра ноќ

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не кажувај либе добра ноќ
не оди дома рано ти,
најзгодно време е во ноќта
прекрасна е оваа ноќ за нас. х2
Сите спијат а ние сме сами
користи драги ти мене,
милувај бакнувај бескрајно
волшебна е ноќ за љубење. х2
Јас знам дека друга љубиш ти
јас знам дека друга мамиш ти
срцево мое е за тебе
и не би го дала јас за друг. х2
За мене пролет не развива
за мене цвеќе не цути
за мене ти си прва љубов
и последна ќе ми бидеш ти. х2

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Петранка Костадинова