Нели ти реков, не оди боса

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нели ти реков,
Не оди боса.
Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
Маруше мори дилбер,
Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
Не оди боса по таа роса,
Нели ти реков, не оди сама.
Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
Маруше мори дилбер,
Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
Не оди сама по таа слама,
Нели ти реков, елај при мене.
Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
Маруше мори дилбер,
Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
Нели ти реков, елај при мене.
Мама ме дава, тате не ме дава.
Ах, ти Маруше, ти кротко јагне,
Маруше мори дилбер,
Ти моја ќе си, пак моја ќе си.
Мама ме дава, тате не ме дава.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика