Небиднина/ Деветта молитва на моето тело
Изглед
„Деветта молитва на моето тело“ од Ацо Шопов |
- Еве го тоа место, тоа неизодливо тело,
- распослано како нема глад.
- Еве ги сите светлини и води
- на овој соѕидан град.
- Врз кровот негов гука гулаб вечен-
- чудна една сказна од леб и од сребро...
- Дали го откри тој збор, тоа име
- што штрека во дното на секое ребро.
- Дали ја откри таа страшна тајна,
- тој уште нигде неживеан век,
- дали откри колку светлините болат
- над ова тело што тече без тек.
- Еве го тоа место, тоа неизодливо тело,
- таа глад што го распосла и роди.
- Еве го овде тој соѕидан град,
- соѕидан од светлини и води.