Народот во Македонија се крева на востание против Византија на чело со Георги Војтех
Изглед
| Народот во Македонија се крева на востание против Византија на чело со Георги Војтех од Никифор Вриениј |
| Од Историјата на Никифор Вриениј од 1072/ 1073 година. |
| „ |
Императорот Михаил[1] тогаш се бореше со големи грижи, зошто Скитите[2] вршеа изненадни напади во Тракија и Македонија, а Словените[3] го отфрлија ромејското ропство и ја пустеа и пленеа земјата на Бугарите.[4] Беа заземени и Скопје и Ниш... Кога Вриениј пристигна, императорот Михаил ја измени својата одлука и реши да го постави за дукс на целата земја на Бугарите за со негова помош да го потисне словенскиот народ кој таму беше загосподарил. И навистина, кратко време по своето пристигнување во Бугарија тој дотолку ги смири Словените, што тие одново мораа да се стават под власта на Ромеите. |
“ |