Прејди на содржината

Мрзеливата жена

Од Wikisource
Мрзеливата жена

од македонските народни приказни
Анегдота.

Една жена била многу мрзелива. Мажот ѝ се карал да работи, а таа не го слушала. По време, со големи маки мажот ја натерал да му преде кошула.

Во еден празничен ден жената отишла в црква и таму почнала да се фали на другите жени, оти предела на мажот и кошула. Кога се фалила, се погодило, та крај неа поминал мажот ѝ, и таа, штом го видела, извикала:
— Мили мажу, мили три-кошулнико! Тој, кога чул тоа, се обрнал на кај неа и ја запитал:
— Зашто, жено, ми викаш три-кошулник? Јас немам три кошули, а имам самр една!

А таа му одговорила:
— Една, мажу, што ја носиш; една ти предам — две, и една имам мисла да ти предам — ете ти три!



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.