Прејди на содржината

Моторни песни/ Сон

Од Wikisource

„Шпанија“ „Сон“

од Никола Јонков Вапцаров
нема
Песната е издадена во 1940.

Лори, ти спиеш ли?
Ме слушаш ли, Лори?
„Пст! Тивко! Скри ја главата, од вон
на педа се од нас, и доста збори...
Лори, јас сонив толку убав сон!

Но, чекај... како започна... ах, знам...
Се сврши војната - со очи ти ми велиш!
И сè е в наши раце, да,
cè Лори, сè е,нели?

Во фабрика сум пак. А таа
е божем истата, со згоѓи исти,
но, сега глеј: машините се сјаат
и силни им се ставите и чисти!

Во неа ти надгледувач си, Лори,
и велиш: „Денес сакам болти триста!"
„Па, дадено пријателу, се стори!"
Погледите на двајцата ни блистаат.

А надвор толку широки и сини
засколтеле просторите и воздухот е чист!
И дишеш, дишеш слободно и чиниш
ти, дека сега не си истиот!

Лори го ѕирна в очи својот другар
(а колку детски денес беа тие...)
се насмевна и рече божем луто:
"Ти Фернандес, сал мечти в срце криеш!“

На исток ѕвездите се гаснат. Мракот
отстапува во паника, кон запад
и без строј...
Сигнал за бој!
Почнуваше напад...


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.