Прејди на содржината

Моторни песни/ Песна на другарот

„Сон“ „Песна за другарот“

од Никола Јонков Вапцаров
нема
Песната е издадена во 1940.

Нема да се вратиш, Фернандес, -
денес оган картечен ве смете!
В поле вие како улав пес
неуморно, непокорен ветер.

Труба труби. А потоа пак
сè е тивко, чудна тивкост мине...
А во ровот дреме синкав мрак,
бесен виор градите ги кине.

Потем некој, со прстите в кал
рие; потем смев, хистеричен и краток...
Некој в раце рачна бомба збрал,
ја отвора, чека да ја прати!

По сигналот ти полета прв.
Се чу близок лај картечен, бесен.
Се залула... По челото крв...
Нема да се вратиш, Фернандесе!

Сртот го презедовме. Во бес
го разбивме редот нивен денес.
Би се радувал ти многу, Фернандес;
ех, кога би можел да се кренеш...


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.