Прејди на содржината

Мома уф зандана

Од Wikisource
Дека се чуло џанам видело,
Мома уф зандани џанам да леже,
Уф Солунските темни зандани.
Мома уф зандани џанам да леже,
Зарде такови му пусти борџуве.
Станала типла стара в зандане,
Дали има мома тува да леже.
Тука сам стара мајко, тува сам,
Тука сам старе мале, зашто сам.
Пуста ми коса мале искапа,
Бело ми лице мајко подимне.
Продајте стара мајко имајне
На Турци пари мајко давајте
Турците пари ќерко не сакат,
Турците тебе ќерко те сакат.
Девет години мајко ка лежам,
И оште девет ќе лежам,
На Турци вера мајко не давам,
На Турчин жена мајко не станувам.

Белешка

[уреди]

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Во изведба на Костас Новакис