Мома оди за вода
Изглед
- Мома оди за вода,
- и беќаро по неа:
- - Постој моме, почекај,
- да ти речам до два збора.
- Дејгиди моме убаво,
- деј гиди севдо голема.
- - Да ми дадиш тро вода,
- да улада срцето.
- Се измами момето,
- му подаде стомнето.
- Дејгиди моме убаво,
- деј гиди севдо голема.
- Тој не фати стомнето,
- тук ѝ фати раката.
- Ја префрли на коња,
- ѝ го скрши прстено.
- Дејгиди моме убаво,
- деј гиди севдо голема.
- Каку ветар вееше,
- така коњот бегаше.
- Како роса росеше,
- така мома плачеше.
- Дејгиди моме убаво,
- деј гиди севдо голема.