Митре Влао, тешко ранет

Од Wikisource
Митре Влао, тешко ранет,
им се моли на другари:
- Ој другари, мили браќа,
подајте ми дулбијата,
да ја врла Вич планина,
да распула горе-долу.
Планините, долините,
и Баскарските Извори,
да се проста со Костурско,
и со цела Македонија,
да се проста со Костурско,
и со цела Македонија.

Поврзано[уреди]