Митра мома поповата
Изглед
- Митра мома поповата,
- најубава во селото.
- Дошол шивач да ја бара,
- попот ѓавол не ја дава.
- Ој леле, леле, најубава,
- ој леле леле, во селото.
- Ој леле, леле, попот ѓавол,
- ој леле, леле, не ја дава.
- Не ја давам за шивачот,
- Митра в' село да ми седи.
- Ќе ја мажам за даскалот,
- во град Митра да ми седи.
- Ој леле, леле, најубава,
- ој леле леле, во селото.
- Ој леле, леле, во град Митра,
- ој леле, леле, да ми седи.
- Пројде време три години,
- никој Митра не ја бара.
- Тогаш викнал попадија,
- а бре попе, џурумлија.
- Ој леле, леле, што не ја даде,
- ој леле леле, за шивачот.
- Ој леле, леле, за шивачот,
- ој леле, леле, во селото.