Мисли за болгарскиот јазик - Партенија Зографски

Од Wikisource
Мисли за болгарскиот јазик

од [[w:Партенија Зографски]]


Мисли за болгарскиот јазик - Партенија Зографски - 1858

МИСЛИ

ЗА

БОЛГАРСКИОТ ЈАЗИК

И други пот сме кажале, пак сега кажуваме, што за да может да се составит еден обштиј писмениј јазик прво е потребно да излезат на јаве сите местни наречија и идјотизми[1] на јазикот ни, врху които обштиот јазик имат да се ѕидат: догде не се направит тоа нешто, никој не может и неимат право да судит и да редит за обштиј писмениј јазик, основуваешти се на едно толко, кое и да е оно, наречие; и секое подобно судење и редење, како не полно, ќа е суетно и безплодно.

Нашиот јазик, како што е познато, се делит на две главни наречија, от кои едното се говорит во Болгарија и Тракија, а пак другото во Македонија. Првото от них веќе е сем известно; зашто се што се писало до сега на наш јозик се на него се писало, а на другото ни гри: по таја причина, што возраждението на нашата писменост се почна осгора на долу. Оваја е причината што не толку иностаните славјанисти но и од истите наши учени, што не принадлежат на Македонското наречје, немает за него некакво основателно и определено понјатие. За да изведеме на свет Македонското наречје со сите негови обшти и местни идјотизми, до колко е то нам возможно, мие имаме намерение да составиме на него грамматика в параллел со другото; но понеже тоа наше намерение может мало да се позабавит, мие сега излагаме кратко главните негови особености относително кон другото наречје.[2]

Македонското наречје не толко не требет и не может да бидет исклјучено от обштијот писмениј јазик, но добро ќа беше ако оно сја примаше за главна негова основа; по таја причина што оно е по полнозвучно, по плавно и по стројно, и в много отношенија по полно и по богато. Претставители на тоа наречје се југозападните страни на Македонија.

Првата и најголемата разлика, што суштествуват по меѓу двете наречја, состоит, според нашето мнение, в различното им произносување или словоударение: Така Македонското наречје обикновено лјубит да ударат в начало на словата, а напротив другото на конец, така што в првото наречје вие никој пат не можете да сретните слово с ударение на последнијот слог, кога напротив тоа посленото в повеќето слова ударат на окончанието. Овде Македонското наречје се сблизуват со Србското.

Освен тоа в Македонското наречје находиме уште следујуштите особености:

1) Оно не трпит следујуштите шипјашти букви Ж и Ш пред Д и Т, и в таков случај последните или се умјагчавает или сохранувает тврдото свое произношение.

2) Буквата А секога имат полно и јасно произношение, а не, како в другото наречје, стривнето и полугласно.

3) Е и О ни в каков случај не си изменувает своето произношение, како в другото наречје, првата на И а другата на У.

4) Ъ и Ь сочувале своет полугласје там, где и во другото наречје, и толко в едно поднаречје се превратиле во полногласна О, како: Корст, Цорков, Ворт, полн, Ворт, Торга и проч. на место: Кьрст, Цьрков, Вьрт и проч.

5. Ѣ секога, без исклјучение, се произносит како чисто Е, и никога не звучит како Ѧ, како што стават в другото наречје. Ако да не беше тоа разногласие в произношението оваа буква можеше совршено да се изметнет от новоболгарската писменост. Сега на прв пот мие ја оставаме на страна, до где видиме и разсудиме по добре за нејзината судба.

6. Х или со сем се остават како на пример: ода, убаво, оро, арно, пишеа или одеа, стоеа и пр, на место хода, хубаво, ходеха, стоеха и пр. или се произносит како ф: пишеф, читав, праф, фала, фрла на место: пишех, прах, хвала и пр. или наконец како в: уво, бьлва и пр. наместо ухо, бьлха. Правила за тоа ќа се изложат во грамматиката.

7. Членовите од местоименијата ов и он, за които некога подробно бехме писале и пак имаме да пишими за спровргнеме некои ложни мненија, што суштествувает за них.

8. Склоненијата на собствените имјани поуцелеле в Македонското наречје, отколи в другото, како имаме да видиме в грамматиката.

9. Средните имиња, што кончавает на ле и ре и сите ималителни в множествено число кончавает на иња, а не на ета, како: поле полиња, море мориња, момче, момчиња, книже книжиња.

10. Третото единствено лице в настојаштето време в изјавително наклонение сохрануват старото окончание т.

11. Третото множествено лице на тоа исто време имат различно, според биде-ст и глаголи-ст и поднаречјето, окончание, заштото не е овде место да излагаме подробно правила за тоа нешто.

12. Македонското наречје имат деепричастие.

13. Рогатата буква Ѫ в Македонското наречје се произносит како чисто А, а в некои места како О, на пример, рака, мака, лажа, каде, маж и пр. или рока, мока, пот, ложа и пр. на место рѪка, мѪка, пѪт и пр. Толко во едно поднаречје она е сохранила, и то толко во гореспоменутите случаи, сиреч кога она е корена буква. Оваа буква и в другото наречје не е сохранена освен в гореспомеутите случаи, сиреч в тие не много слова, где она се находит во среде. Следователно ако држиме мие едно начало, сиреч да пишиме според сегашното произношение, како што и требет да правиме, ако сакам да не падаме во противоречие и да не сатруднјаваме правописанието без секоја нужда и полза, Ѫ не требет да се употреблјават освен в гореспоменутите случаи.

Така убо противоречат себе си, две начала принимаешти, тие, што пишат винителнији падеж в женските имена со Ѫ, ибо ако подражајуште на старината клавает тие Ѫ во винителниј падеж, без да го произносат, тога требет да постапат така точно и относително другите падежи: родителнијот и дателнијот, сиреч и них да и пишат: провиот со ЪІ а другиот со Ѣ, ибо они така кончавале в старо време, и тога каде ча стигнеме? Ќа стигнеме таму, што да примеме старите окончанија на падежите. Ако имает такво намерение тие, што прават така тоа е друго нешто но в таков случај требет тие строго да се држат за тоа начало, а не да шавает там и сам. Но можат да ни кажат, што тие ја употребјавает во винителниј падеж и в други подобни случаи не за други нешто, колку за тоа, што тамошната окончателна буква, сиреч А, полугласно се произносит; и понеже в старо време в подобните места стојала полугласната буква Ѫ, за тоа сега мие Ѫ клаваме таму. Но пак и в таков случај се раздат противоречие ибо мие знаеме, и погоре рекохме, што в некои стани А немат јасниј и тврдиј свук, а слаб и полугласен, особено кога она е наконец. Следователно ако по таја причина вие винителниот падеж пишите со Ѫ, тога требете сите падежи на единственото число в женските имина и на множествено число в средниј род да и пишите со Ѫ; зашто сите тие имает совршено еднакво произношение без окончанието, и в таков смисл мие имаме толко еден падеж. Но која от двете е по полезно да употребите А или Ѫ, очевисно е што А, ибо немат за ваш хатер сијот народ да предчуват и да кршит јазикот си наво полугласно произнесување там, где он навикнал да произносит полно и слободно; не што станет он на секое, где му се сретит вашето Ѫ да се приготвуват и настројуват устата за да го произнесет правилно.

Тоа што казахме за Ѫ можеме да кажеме и за ЪІ. Понеже оваја буква имат совршено еднакво произносување со и, и николку не се отличуват от него нужно е, според нашето мнение, да се изврлит от новоболгарската писменост како совршено негодниј член. В тако случај етимологијата ништо немает да пострадат; ибо она ште се отврждават на сегашното произношение. Ништо не казувает тие, што викает, та, ако изхврлиме ЪІ и други подобни букви, што возникнат голема неудобства в словопроизводството ако некои докажат тоа нешто мие сме готови да се уклониме от своето мнение.

При ова кратко изложение присовкупуваме неколку народни песни на Македонското наречје, кои в много отношенија се љубопитни.


1.

СЬлнцето ми е на заод.

Самовила е зад гора.

Миче војвода пред неја.

Брза е коња водеше,

Црвен е бајрак носеше,

Мирче војвода говорит:

Самовило ле мајко ле,

Доста ти кона поводиф;

доста ти бајрак поносиф.

А Самовила говорит:

Поводи Мирче поводи,

И црвен бајрак поноси

До зеленине ливаде,

до студенине кладенци.

Тамо се женит Јанкула.

Девет си сестри канило,

Десета сестра не кани,

Десета сестра коприна.

Коприна во двор седеше,

Друмка си керка чешлаше,

Грумко ле керко, Грумко ле,

Кога ќа одиш у вујка,

У вујка керко на свадба,

Да в фатиш оро наокол;

Да и пуштиш саја[3] до земи,

Да и кренеш[4] превез от очи,

Да и догледат вујко ти,

Вујко ти керко Јанкула:

От е вујко ти неверен,

Неверн керко без вера;

А и ми ти кренет срамота.

Грумка отиде на свадба,

Грумка си мајка не почу,

Си фати оро наокол,

Си пушти саја до земи,

Си крена превез от очи.

Ми ја догледа вујко е,

Вујко е лето говорит:

Сватови бели сватови,

Не приполивте пушките;

Не презобавте коните;

Невеста ни е во дворе.

Грумка си вујка дочула

И љуто ми проколнала,

Оф леле Боже милечек.

Зароси роса крвава,

И погорешти камење,

Потапчите го вујка ми,

вујка ми Боже Јанкула.

Како ми Грумка прок’лна

Пуста се клетва фатила,

Зароси роса крвава,

И погорешти камење,

И потолкое вујка е.


2.

Што е врева во поројна црков,

Али грмит ил се земја тресет?

Ни ми грмит ни се земја тресет

Се венчават Милош со невеста.

Е постиснал прсти со прстени

Таја му се нему милно молит,

А Милоше мое мило добро

Не стискај ми прсти со прстени.


3.

Похвалил се богатијот

Ја су богат и пребогат,

Тук се нашат и понашат

Како риба во глобина.

Како орел во вишина

Како овца с руго јагне,

Како лоза с бело грозе


  1. Особености.
  2. Излагавшти овие особености на Македонското наречје мие имаме во внимание изложението на Г. Михаиловскиј за подобните особености по меѓу новоболгарскиот јазик вообште и старијот. Вид. II Вестник Но. 320
  3. женско жубе
  4. Крева ште речет дига.