Прејди на содржината

Мечка и дете

Од Wikisource
Мечка и дете

од македонските народни приказни
Приказна за животни.

Некогаш едно годиначе селско дете излегло од дома си и заскитало по планина, та не знаело да си дојде дома. Вечерта го стемнило в планина. Татко му и мајка му саноќ го барале, туку не можеле да го најдат. Една мечка врвејќи низ гората, го нашла и си го однесла на своето легло при мечињата. Таму си го ранела и си го гледала како свое чедо. Кога да дојдела навечер, распалуела огнои и се греале. И мечињата со детето, наседнати околу огнот, се грееле.

Една вечер, кога си се грееле така, мечката изгреана од огнот задремала; а детето, кога ја видело, ѝ рекло.
„Не деми бубо, не деми!"
Таа уште си спиела покрај огнот. На после, детето зело една гламна и пак ѝ вели:
„Не деми, бубо, не деми!" и со гламната запалена ја буцнало по мевот, ѓоа за да е разбуди!

Волната мечкина тој час се запалила од гламната и пламнала. Мечката се разбудила и уплашена од огнот се спуштила та се фрлила во една вода што била таму негде наблизу и се удавила.



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.