Мечката и мравите
| Мечката и мравите од македонските народни приказни |
| Приказна за животни. |
Една мечка беше им се настрвила на мравите да ги јаде и ништо живо не ги оставала да излезат на бело видело за да си збираат јадало. Од кога видоа многу зорт мравите, се собраа и сториле еден мезлич, за како да се избават од лошата мечка. Една рекла вака, друга инаку, најпосле сите дошле во еден збор, за да ископаат една голема дупка длабока, а озгора да остават колку два прста земја, што да не се познава оти е долу шупливо, и да се наредат озгора на тоа место троа мрави, за колку да ја подлажат. |
| Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |