Меаните мајко ле

Од Wikisource
Меаните мајко ле ме запустија
тие витки пеачки ме разболеа.
Меани, меани што ми сторивте
животот меани ми го зедовте. [х2]
Саноќ седам в' меана, саноќ си пијам
песна свирка сал слушам и се веселам.
Меани, меани што ми сторивте
животот меани ми го зедовте. [х2]
Либето ме остави, ме заборави
сè за таа ракија да ми се стори.
Меани, меани што ми сторивте
животот меани ми го зедовте. [х2]

Поврзано[уреди]