Марш на македонско-косовската бригада
Изглед
- Не одред, а војска на Тито сме ние
- бунтовниот Вардар е нашата крв.
- На Косово духот во срца ни бие,
- в народната борба е нашиот врв.
- Караорман шума е нашиот врсник,
- При Кленоец славен се вкрстивме в бој,
- Со дестина пушки и ножој на крстој,
- се втурнавме смело во нерамен бој.
- Животите свои не ги жалиме в бојот,
- и широк ко Волга е нашиот пат,
- избиваме врагој и туѓи и свои,
- на чело ни стои славјанскиот брат.
- Не одред, а војска на Тито сме ние
- бунтовниот Вардар е нашата крв.
- На Косово духот во срца ни бие,
- в народната борба е нашиот врв.