Прејди на содржината

Марш на Осмата македонска ударна бригада

Од Wikisource
Крвава зора над Велес грее
народ борци чека крв да лее
Еј за Велес слободен и Вардар!
Еј за светли дни слобода дар
Напред бригадо во крвов поход
за Велес, Вардар и слободен род
Челата наши смртта ги краси
Еј, ропство бега без да се спаси
Еј, пред дигнат нож на вчерашен роб
слобода слета од замрзнат гроб
Напред бригадо во крвов поход
за Велес, Вардар и слободен род


Текст: Јордан Леов
Композиција: Иван Николовски - Танго