Маро, Марике, фидан бојлике

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маро, Марике, гиди, фидан бојлике,
фидан бојлике, гиди, назум назимке.
Марини очи, леле, Костурски цреши,
кој поминува, леле, сè си апнува.
А јас поминав, леле, а јас заминав,
по мене мават, леле, с' дрво, с' камење.
Марина коса леле, дебела сенка,
кој поминува, леле, сè си пладнува.
А јас поминав, леле, а јас заминав,
по мене мават, леле, с' дрво, с' камење.

Поврзано[уреди]