Прејди на содржината

Марика на стол седеше

Од Wikisource
Марика на стол седеше, оф, аман.
Марика на стол седеше,
љубовно писмо четаше,
дробни си солзи ронеше.
Мајка Марика прашаше, оф, аман.
Мајка Марика прашаше:
- Зошто, Марике, си плачеш,
зошто си читаш, ем плачеш?
Писмо сум, мајко, добила, оф, аман.
писмо сум, мајко, добила,
од бојно поле Солунско,
од мојто либе сакано.
Писмо ми пише либето, оф, аман.
Писмо ми пише либето,
либето ми е ранено
од тие клети душмани.

Поврзано

[уреди]