Прејди на содржината

Мара Охриѓанка

Од Wikisource

Мара Охриѓанка е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Мара Охриѓанка [4х]
на пенџер седеше
Мара Охриѓанка [2х]
на пенџер седеше.
В раце држеше [4х]
огледалото
в раце држеше [2х]
огледалото.
Руса си коса [4х]
Мара чешлаше
руса си коса [2х]
Мара чешлаше.
Бело си лице [4х]
Мара пудреше
бело си лице [2х]
Мара пудреше.
Танка си снага [4х]
Мара кршеше
танка си снага [2х]
Мара кршеше.
Мара либето [4х]
си го чекаше
либето Мара [2х]
си го чекаше.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни