Малахија (вики-превод)

Од Wikisource

Захарија Малахија
Библија (вики-превод)
од н.п.
нема
врати се кон Стариот Завет


Глава 1[уреди]


1Пророштво, збор од ГОСПОД за Израел, пренесено преку Малахија[1]: 2<Ве сакав,“ - вели ГОСПОД - „а вие прашувате: >Како си нѐ сакал?' Зарем не му беше Есав брат на Јаков?“ - вели ГОСПОД - „Сепак, Јас Јаков го засакав, 3а Есав[2] го замразив и ги претворив планините негови во пустелија, а наследството негово им го препуштив на пустинските шакали. 4Ете, Едом може ќе рече: >Уништени бевме, но ќе се вратиме и повторно ќе ги изградиме овие урнатини.'“ Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Тие можеби ќе градат, но Јас ќе уривам! И ќе ги наречат: >Земја на злото', луѓе против кои вечно ќе биде гневот ГОСПОДОВ.“ 5Ќе видат очите ваши и ќе речете: „Голем е ГОСПОД, дури и зад границите на Израел.“

Срамни жртви[уреди]

6<Синот го почитува својот татко, и слугата - господарот свој. Но, ако сум Јас ваш татко, каде е почитта кон Мене? Ако сум Јас Господар, каде е стравопочитта кон Мене?“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Вие свештеници, го презирате Моето име, а сепак прашувате: >Како сме го презреле Твоето име?' 7Принесувате нечиста храна на Мојот жртвеникот, а прашувате: >Како сме Те оскверниле?' - велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е за презир.' 8Кога принесувате слепо животно за жртва, не е ли тоа погрешно?! Кога жртвувате сакато животно или болно, не е ли тоа погрешно?! Понуди му го тоа на својот управител! Ќе биде ли тој задоволен од тебе и ќе те прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен. 9Помолете Му се сега на ГОСПОД за да се смилува над нас. „Со тоа што ви е во рацете, ќе ве прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен. 10<Камо некој од вас да ги затвори вратите, па да не палите оган на Мојот жртвеник напразно! Не сум задоволен од вас,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и жртва од ваша рака нема да прифатам! 11Ете, од изгрејсонце, па сѐ до залезот, големо ќе биде името Мое меѓу народите и на секое место темјан ќе се принесува на името Мое, и жртва чиста, оти големо ќе биде името Мое меѓу народите.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 12<Но вие го сквернавите велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е осквернета. И таа и храната врз неа се за презир.' 13Велите: >Колку тешко!', и шмркате гадливо.“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Кога носите повредено и сакато и болно, и ги принесувате како жртва, треба ли да ја прифатам од ваша рака?“ - вели ГОСПОД. 14<Проклет да биде оној кој лаже, и има во стадото негово машко, кој дал завет[3], но на Господ Му жртвува нешто со недостаток, оти Јас сум Цар голем,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и страшно е името Мое меѓу народите.“

Глава 2[уреди]


Предупредување за свештениците[уреди]

1<А сега свештеници, за вас е ова предупредување: 2Ако не послушате, ако не земете при срце да оддавате чест на Моето име,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе пратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам благословите ваши. Да, ете веќе ги проколнав, оти не го зедовте тоа при срце. 3Заради вас ќе ги прекорам[4] вашите наследници[5]. Ќе ви ги размачкам врз лицата мршите на вашите празнични жртви, и ќе бидете однесени заедно со нив. 4Ќе дознаете тогаш дека Јас ви го упатив ова предупредување за да продолжи заветот Мој со Леви[6].“ - вели ГОСПОД Семоќен. 5<Заветот Мој со него беше за живот[7] и мир. Му го дадов за да ме почитува, и навистина ме почитуваше. Пред Моето име во стравопочит стоеше. 6Во устата негова имаше вистинска поука, и лага не се најде на усните негови. Во мир и праведност одеше со Мене и многумина одврати од грев. 7Усните на свештеникот треба да го чуваат знаењето. Од устата негова луѓето поука треба да бараат[8], оти тој е гласник на ГОСПОД Семоќен. 8Но вие скршнавте од патот, направивте многумина да се сопнуваат од законот, го прекршивте заветот со Леви.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 9<Затоа ве направив презрени и понижени пред сите луѓе, затоа што не ги следевте Моите патишта, туку бевте пристрасни во применувањето на законот.“

Јуда неверен[уреди]

10Немаме ли сите ние еден Татко[9]? Не нѐ создаде ли сите нас еден Бог? Зошто сме тогаш неверни еден кон друг, сквернавејќи го така заветот на нашите татковци? 11Јуда ја погази верата и одвратно нешто направи во Израел и во Ерусалим. Со тоа што се ожени со ќерка на туѓински бог[10], Јуда го оскверни омиленото светилиштето на ГОСПОД. 12Нека го искорени[11] ГОСПОД оној кој вака прави! Нека го извлече од шаторите на Јаков и нека одговара, и покрај тоа што Му принесува жртва на ГОСПОД Семоќен. 13А и ова го правите: го поплавувате жртвеникот ГОСПОДОВ со солзи, плачејќи и липајќи, оти не им обрнува веќе внимание на жртвите и не ги прифаќа со задоволство од раката ваша. 14Прашувате: >Зошто?'. Затоа што ГОСПОД беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост. Затоа што ја изневери, иако таа е придружничка твоја и жена со која си склопил завет. 15Нели едно Бог ги направи и дух им вдахна[12]. А зошто едно? Барајќи побожно потомство. Така вие чувајте се во духот свој, и жената на својата младост не изневерувајте ја. 16<Јас го мразам разводот,“ - вели ГОСПОД, Бог на Израел - „и го мразам оној кој со насилство се прекрива како со наметка[13].“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Затоа чувајте се во духот свој и не изневерувајте.“

Судниот ден[уреди]

17Му досадивте на ГОСПОД со зборовите ваши. Прашувате: „Како сме му досадиле?“ Му досадивте велејќи: „Сите кои прават зло се добри во очите на ГОСПОД и со нив Тој е задоволен!“, или „Каде е Бог на правдата?“

Глава 3[уреди]


1<Гледајте, ви испраќам Мој[14] гласник и тој ќе приготви пат пред Мене. Тогаш ненадејно ќе дојде во Својот храм Господ, Оној Кого вие Го барате - Гласникот на заветот, Кого вие Го посакувате. Гледајте ете доаѓа.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 2Но кој ќе може да го издржи денот на Неговото доаѓање? Кој ќе остане исправен, кога Тој ќе се појави, оти Тој е како огнот на пречистителот, како сапунот на перачите? 3И ќе седне пречистителот, оној кој пречистува сребро, ќе ги пречисти синовите на Леви. Ќе ги пречисти онака како што се пречистува златото и среброто. Тогаш ќе му припаѓаат на ГОСПОД и ќе бидат луѓе кои принесуваат жртва во праведност, 4па ќе стане прифатлива за ГОСПОД жртвата на Јуда и на Ерусалим, исто како во изминатите денови и во поранешните години. 5<Така Јас ќе се приближам кон тебе за суд и ќе бидам сведок брз против бајачите и против оние што вршат прељуба, против оние кои се колнат лажно, против оние кои закинуваат плата од работник, вдовица и сирак, против оние кои се неправедни кон туѓинец и не се плашат од Мене.“ - вели ГОСПОД Семоќен.

Ограбување на Бог[уреди]

6<Ете Јас, ГОСПОД, не се менувам. Затоа вие, наследниците на Јаков, не сте уништени. 7Уште од деновите на вашите предци им свртевте грб на Моите наредби и не се држевте до нив. Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас!“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Но вие прашувате: >Како да се вратиме?' 8Ќе успее ли човек да го ограби Бог? Сепак, вие ме ограбувате! Прашувате: >Како Те ограбуваме?' Од десетокот и од приносите! 9Под проклетство сте, проколнати, оти Мене Ме ограбувате - сите, целиот народ. 10Донесете го целиот десеток во ризницата, та да има храна во Мојот дом! Ете испробајте Ме сега во ова!“ - вели ГОСПОД Семоќен. „Нема ли да ги отворам ширум за вас браните на небесата и нема ли да излеам врз вас благослов, сѐ додека има место. 11Ќе ве заштитам од штетници и нема да ги уништуваат плодовите на вашата земја. Вашите лозја по полето нема да го фрлаат својот плод пред време.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 12<Тогаш сите народи ќе ве наречат благословени, оти вие ќе бидете земја која сите ја посакуваат.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 13<Груби беа зборовите ваши против Мене,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „а дури уште прашувате: >Што сме кажале против Тебе?' 14Рековте: >Бескорисно е да му се служи на Бог. Што корист имавме кога се држевме до Неговите заповеди и кога одевме во жалост пред ГОСПОД Семоќен. 15Сега ние горделивите ги нарекуваме благословени. Оние кои прават зло сигурно напредуваат. Дури и Бог Го предизвикуваат и пак се извлекуваат.'“ 16Тогаш си прозбореа еден со друг оние кои имаат страв од ГОСПОД. И слушна ГОСПОД и чу, па беше напишан свитокот за потсетување, во присуство Негово, кој се однесува на оние кои имаат страв од ГОСПОД и оние кои му оддаваат чест на Неговото име. 17<Тие ќе бидат Мои,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „Мој внимателно чуван посед во денот што го подготвувам. И ќе ги поштедам како што човек го поштедува својот син кој му служи. 18Тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведен и зол, меѓу оној кој Му служи на Бог и оној кој не Му служи.

Глава 4[уреди]


Денот ГОСПОДОВ[уреди]

1Тој ден сигурно ќе дојде, угорен како фурна. „Сите горделиви, сите што прават зло ќе бидат стрниште. Ќе ги запали нив денот што доаѓа,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „та да не остане од нив ни корен ни гранка.“ 2А за вас, кои го почитувате Моето име, ќе изгрее сонце на праведност со оздравување во крилјата. Па ќе излезете и ќе потскокнувате како телиња ослободени од обор. 3Тогаш ќе ги прегазите злите, ќе бидат како пепел под стапалата ваши, на денот кога Јас ќе ги направам овие нешта.“ - вели ГОСПОД Семоќен. 4<Сетете се на законот на Мојот слуга Мојсеј, кој му го дадов на Хорев за целиот Израел - наредби и закони. 5Гледајте, ви го праќам пророкот Илија[15], пред да дојде големиот и страшен ден ГОСПОДОВ. 6И ќе го сврти Тој срцето на татковците кон децата и срцето на децата кон нивните татковци. Ако не стане така, Јас ќе дојдам и ќе ја нападнам земјата со проклетство.“


Белешки[уреди]

  1. Малахија, или поточно Малахи, значи мој гласник.
  2. Или Едом.
  3. Животното кое се жртвува како исполнување на завет треба да биде машко, без никаков недостаток (3:Мој 22:18-23).
  4. Во Септуагинтата: ќе ги искоренам.
  5. Или: ќе го уништам со пепелница вашето жито.
  6. Свештениците се бирале од племето на Леви (4 Мој. 3:12-13, Не. 13:29).
  7. Видете 4 Мој 25:10-13 и 25:1-3.
  8. Свештениците биле должни да ги поучуваат луѓето на Мојсеевиот закон (3 Мој 10:11).
  9. Или: татко.
  10. Жена паганка, таквите бракови биле строго забранети во заветниот закон.
  11. Или: Нека го искорени ГОСПОД од шаторите на Јаков секој оној кој сведочи во корист на оној кој вака прави.
  12. Или: Но нели еден (Авраам) го направи ова, и се смири духот во него. А зошто? Барајќи потомство од Бог.
  13. Или: кој ја опсипува својата жена со насилство и ја прекрива како со наметка.
  14. Игра со зборови, букв: го испраќам Малахија.
  15. Поточно Елија, што значи ГОСПОД е Бог.