Македонски народни песни/ Великина

Од Wikisource
Ја на мајка ти, Велико, ја на мајка ти,
Ја на мајка ти, Велико, торба круши,
Велико, торба круши.
Нека јаде, Велико, нека јаде,
Нека јаде, Велико, да не лафе,
Велико, да не лафе.
Са ноќ седе Доне, круши јаде,
Круши јаде, Доне, мен ма чува,
Доне, мен ма чува.
Ја на татко ти, Велико, ја на татко ти,
Ја на татко ти, Велико, ока тутун,
Велико, ока тутун.
Нека тегли, Велико, нека тегли,
Нека тегли, Велико, да не врева,
Велико, да не врева.
Са ноќ седе Доне, тутун тегле,
тутун тегле, Доне, мен ма чува,
Доне, мен ма чува.
Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,
Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,
Велико, ока в’лна.
Нека преде, Велико, нека преде,
Нека преде, Велико, да не врева,
Велико, да не врева.
Са ноќ седе Доне, в’лна преде,
Круши јаде, Доне, мен ма чува,
Доне, мен ма чува.
Ја на баба ти, Велико, ја на баба ти,
Ја на баба ти, Велико, ока в’лна,
Велико, ока в’лна.
Нека преде, Велико, нека преде,
Нека преде, Велико, да не врева,
Велико, да не врева.
Са ноќ седе Доне, в’лна преде,
в’лна преде, Доне, мен ма чува,
Доне, мен ма чува.
Ја на братчето, Велико, ја на братчето,
Ја на братчето, Велико, сиво којнче,
Велико, сиво којнче.
Нека вјава, Велико, нека вјава,
Нека вјава, Велико, да не врева,
Велико, да не врева.
Са ноќ седе Доне, пушка чиста,
пушка чиста, Доне, мен ма чува,
Доне, мен ма чува.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Оваа песна е собрана од селото Куфалово, од околината на Солун.

Во изведба на Костас Новакис