Македонски народни песни/ Ако пијам рујно вино

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ако пијам рујно вино е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Ако пијам рујно вино
Ако пијам рујно вино
ако пијам рум, ракија [2х]
ако пијам, ако пијам
пијам да те заборавам. [2х]
Ако не ми веруваш
отвори го прозорецот [2х]
погледни го Пелистер
прашај ги врвовите. [2х]
Ако пијам изгор очи
ако љубам шеќер усни [2х]
ако мрсам бујни коси
изгор пак либе за тебе. [2х]


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни