Македонка

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вистина е мила мамо, вистина,
среќна сум мамо Македонка,
со душа и срце распеана,
на ден Илинден родена,
со душа и срце распеана,
Гоцева лична убавица.
Да пеам, да играм,
да горам, да бликам,
сè ќе сторам,
мајко да те имам.
Со тага и солзи,
во радост и песна ееејјј...
Дали сум Пиринка, Пиринка,
Егејка, Егејка, Вардарка, Вардарка,
јас сум, јас сум Македонка. /2
Вистина е мила мамо, вистина,
горда сум мамо Македонка,
со Пиринско цвеќе расцутена,
од Егејско сонце огреана,
со Пиринско цвеќе расцутена,
од Вардарска вода полеана.
Да пеам, да играм,
да горам, да бликам,
сè ќе сторам,
мајко да те имам.
Со тага и солзи,
во радост и песна ееејјј...
Дали сум Пиринка, Пиринка,
Егејка, Егејка, Вардарка, Вардарка,
јас сум, јас сум Македонка. /2

Поврзано[уреди]