Прејди на содржината

Лисицата и мачорот

Од Wikisource
Создавање на Лисицата и мачорот

од македонските народни приказни
Приказна за животни.

Била една лисица, се оженила за еден мачор. Поминала мечката, лисицата ѝ вели:
„Да не врвиш одавдека, да не те види мажот ми".
Поминал волкот, лисицата му вели:
„Да не врвиш одовдека, да не те види мажот ми".
Поминал и крмакот и нему му вели:
„Да не врвиш одовдека, да не те види мажот ми".
Тие се созборувале сега, ќе го викаат на гости мажот на лисицата за да го видат. Мечката се качила на едно дрво, волкот во еден дап празен и крмакот во едно блато. Ете го мачорот со лисицата. Видел мачорот едно врапче, се спуштил го фатил. Мечката си рекла и неа да не ја фати, се спуштила озгора, се опрала. Волкот бегајќим се удрил од едно дрво, се опрал. На крмакот увото му се мрднало и тој побегнал, во некој трап паднал и се опрал.



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.