Кај што је била живејачката на една лисица, многу била запашкана од луѓето, што не можела да си најди ништо да касни.
„Ов јас сирота" — беше си рекла сама со себе — што се чини ал, не можам лебот да си го изваам, како толку се сетија сите луѓе и ништо на мегдан не оставаат ноќе за да можам да улоам ја некоја коковчица, ја некое јаренце. Кај да заминам, сè стапици наставени за да ме ватат, сегде пусии наклаени да ме отепаат. Аслиќељам, немат живот за мене, при сè што сум олку итра: треба да сум уште поитра, да така да можам да си го изваам лебот.
Думала, шестала лиса каков маривет да напраи и издумала. Дала збор по светот оти веќе ќе се покаит и ако најдела два-тројца да стори другари со неа, ќе одела на аџилак. Арно ама никој не ти ја веруат лиса за да одит со неа на аџилак. Откоа виде лиса оти никој не је дошол в планина за да је бидит другар за на аџилак, слегла долу в поле и се прибрала до едно село. Врвејќи покрај едно буниште, ја видоа кокошките и скркал петело по кокошките за да бегат, да не ‘и грабни лисицата.
— Море, што кркаш, бре петле — му рекла лиса — што ‘и плашиш кокошките? Зер мислиш, бре петле, оти јас јадам кокошки? Јас отсега не јадам јајце, а не кокошки. Јас од неколку време навамо сум се покаила и кај си постам, ич мрсно в уста не сум клала, ни пак ќе клаам, чунки ако сака Господ и убаа Богоројца, ниет сум сторила да одам на аџилак; арно ама, сакам и една задужбина да сторам за да земам тројца со мене, на мој арч да 'и сторам аџии. Да ако сакаш, брате петле, ела ти да те сторам еден аџија, да ти се простат сите греои.
Кога чу петелот тие слатки зборои од лисицата, како да му се посакало да бидит аџија и си рекол сам со себе: „Ај да одам со лиса на аџилак, и така ќе ми го тргат арџот, да белким ќе ми се простат греојте што сум и сторил, и коа ќе си дојдам барем аџија ќе ме викаат."
— Ај, мори лисо, јас ќе дојдам лели велиш ти оти арџот ќе ми го тргаш.
Тамам, брате петле, лели ти коптиса од срце да идиш со мене и да се сториш аџија, блазе тебе и преблазе на твојата грешна душа! Ајде, повели, аџи петле — му рекла — тргај вамо кај што ќе одам јас и ич не бој се!
Тргнал аџи петле по лиса, и, одејќим, поминале покрај еден вир. Во вирот имало едно стадо гуски. Едно ја виделе лиса, и спискал гусако „гра-гра" по гуските за да бегаат од лисицата.
— Што се мачиш, море гусаку, да грачиш — му рекла лиса — и гуските да плашиш? Треба да знаиш, брате гусаку, оти јас сум се покајала и сега си постам, само тревица си јадам, месо в уста ич не сум клала Ако не ме веруаш, еве прашај и аџи брате петле, што је со мене толкуа дни. И друго да ми ти кажам, брате гусаку! Јас тргам за на аџилак да одам за да си спасам душицава од тешките греои што сум и праела со пустио касаплак мој по кокошки колење, по зајци и друзи животинки; арно ама, брате гусаче, досега не бев знаела оти и је голем грев крв да турам и души да губам. Не знам како ме научи Господ да појдам на дуовник да се исповедам, и дуовнико канон ми даде, дури сум жив, ич мевце да не каснам и на аџилак да одам, да душицава да си ја спасам. Да еве кај сум се кинисала за тамо, брате гусаче. Ако сака Господ да одам со здравје да го видам тоа место, да и ако умрам, да не жалам. Туку што имам уште еден кусур: што немам уште два-тројца другари, да појдам со нив на аџилак, и таа задужбина сакам да ја сторам, да покајам два-тројца барем со мене, да дојдат на аџилак, да колку за арно, брате гусаче, јас ќе им го тргам дотамо и довамо, неќум тие да поарџат пет пари скршени. Ха, леба ми, ти велам, брате гусаче — му велела лиса на гусакот дури со плач.
— Ооо, многу арно си намислила, лисо — је рекол гусакот. — Блазе тебе и преблазе што ќе се сториш аџијца и голема задужбина ќе ти се ватит дека ќе земиш и неколцина со тебе на свој арч да 'и сториш аџии. Аџи лисо, ај, ако је кабил, јас да идам со тебе за да се сторам еден аџија, а што велиш, ме земаш?
— Ууу, аџи гусаче, како не ќе те земам кога ти је паднат венецот од Бога за аџија да бидиш. Ај, аџи гусаче, ај тргај по мене, ете си имал к'смет да се спасиш, не аџет ти било наречено зер од треќата вечер. — Ај Боже, поможи! — беше рекол гусако и тргнал по лисицата да ојт на аџилак. Зграчиле гуски, братенце мило, „гра-гра-гра" по гусако, ништо живо не беше го остаале. А лиса вати да 'и мири и да 'и кроти, велејќи:
— Не викајте, гуски, не жалете, гусќи, за аџи гусака дека ќе ојт на аџилак. Со Господ напред, сега брго ќе си дојме и броеници на сите бакшиш ќе ви донесеме!
— Еј, лели бакшиш ќе ни донесите, ај со здравје да ојте и со здравје да си дојте! — је рекле гуските.
Си поведе лисицата петла и гусака не за на аџилак, ами за на касапница. Одејќи, ти стрела еден штрк на патот и откоа ја испрашал штркот кај ојт лиса, и откоа му доказала лиса како што му докажа и на гусакот, го склонила и штркот да ојт по неа за да го носи и него на пусти аџилак.
На мрако 'и прибрала лиса до едно село при еден трњак да прележат ноќта. Лисицата се допрела до коренот од еден трн, штркот спроти неа, петлето на трнот си свил глаата во пердуот и веднаш си заспал, дека беше уморен. Гусако — и тој беше се згутаил зад трнот и тој си заспал, само штркот не спиел, чунки не беше толку уморен.
На лисицата је се јало мевце, арно ама не можела од штркот да изеит ја петела, ја аџи гусака. Думала, кројала како да стори, и беше скројала еден маривет.
— Леле јас сирота си велела со полојна глас 'и зедов луѓево на душа со овај пален петел. Ќешки него да не бев го зела, да не изгиневме ние тројца. Ти се молам, Боженце, врли со некоја ровја од небеси и убиј го аџи петла.
Откоа беше ислушал тие зборои штркот, је рекол на лиса:
— Шо мака имаш, мори аџи лисо, од аџи петла? Што толку се тагуаш?
Како што мака имам, аџи штркло, кога петело сега уште малко ќе си заватит да си пеит како што му је адетот, и ќе чујат селаните, та ќе дојдат и сите ќе не истепаат како врапци.
— Леле, мори лисо, ќе изгиниме — је рекол штркот — ами каков крај да се барат, аџи лисо?
— Крајо јет, аџи штрче, еден да умри за тројца да се живи.
— Ха, ми текна, аџи лисо — је рекол штркот — cera jac ќe jа свршам таа работа.
Тоа рече шрткот и се поткачил на трнот кај петелот, та беше го чукнал со долгио си клун аџи петла по глаа и го пцојсал на часот. Рипнал петело од трно удолу и, откоа заспал и штркот, станала лиса и си го изела аџи петла како пресна леблебија.
Утрото уште пред зора го скорнала штркот и гусакот и тргнала да ојт на аџилак. Одила, одила и пак огладнела и се сака да се најади, арно ама не можела колајо да им го најди за од двата еден да изеи. Се прибрала една вечер до едно блато, кај што имало многу гуски, да преноќеваат и вечерта пак ватила да се тагуат и да се колнит сама себе.
— Што нешто, аџи лисо, пак зер ќе не најди некое зло овде? — је рекол штркот.
— Ов бре, аџи штрк — му рекла лиса — ами не гледаш што је гуски во блатоно, ноќеска ќе гракни некоја гуска и гусакот ќе чуе, та ќе гракни и ќе не јави на некои луѓе да не уловат. Ето тоа ми јет маката, аџи штркло.
— Е, лели је така, лисо, јас таа работа ќе ја свршам, еден нека умрит поарно ошто двајца да умриме. Биди раат, лисо, сега јас ќе го свршам.
Му пошол кај гусакот штркот и го чукнал по глаа, та го пцојсал на часот.
— Еј лисо, го свршив аџи гусако, биди раат сега.
— Сполај ти, аџи, сполај ти на твоето јунасто што го имаш во клунот. За много работи ќе ти помага клунот твој, ашколсун, аџи, ашколсун!
И ватила да се виткат и да си клава рацете во лажичката, ѓоа ја боли. Штркот је гледат и како да ја пожалал.
— Што нешто, лисо, се виткаш?
— Ов, море штркло, не прашај ме, оти ми је грев да кажам, ама лели сме другари, ќе ти кажам. Еле, откоа сум запостила да не јадам месо, се срце ме боли, ем ме страв да не умрам на постот.
— Немој, мори лисо, не земај се на душа, ами лели законот дава да мрсит болен. Ене го гусакот, асли јет мошне дебел, јади сега да оздравејш, да од утре тамо пак пости си. И кога ќе ојме на аџилак, ќе се исповедаш и ќе се причестиш, та ќе си земиш една простена книга од патрико, да и ако дајш некоја пара, да не жалиш.
Асли тоа чекаше лиса. Откоа покрши ѓердан, појде и го изеде гусакот.
Тргнаа да патуаат лиса и штрко, и лиса се туку кашлала како као да има коска запрена. Откоа огладне лиса, посака и штрко да си го изеи. Ватила да кашлат и со прсти в грло да пикат, ѓоа коската да ја вати што му била в грло запрена.
— Мори, што имаш, лисо, што се мачиш? — je рекол.
— Грео ме мачит, штркло — му рекла — дека се омрсив со гусакот, тики ми се запре една коска, те молам, ако не ми посигниш, братенце, со долгио клун твој в уста, да ми ја изваиш коската.
— Пеки, лисо — је рекол и посигнал со клуно штркот во грлото од лисицата за да ја вади коската. Стиснала лисицата устата и му прекинала на штрко глаата, и него си го изела и се сторила аџија, јаланџија.
И трите, јале, будали дале.