Лилјано моме, Лилјано

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лилјано моме, Лилјано,
Слушај што вели Ѓорѓија,
Аман, оф аман,
Слушај што вели Ѓорѓија,
Чифликот ќе си продадам,
Тебе Лилјано да те земам,
Аман, оф аман,
Тебе Лилјано да земам.
Трлото ќе си продадам,
Тебе Лилјано да земам,
Аман, оф аман,
Тебе Лилјано да земам.
Колку ти чини трлото,
Толку ми чини грлото,
Аман, оф аман,
Толку ми чини грлото.
Овците ќе си продадам,
Тебе Лилјано да те земам,
Аман, оф аман,
Тебе Лилјано да земам.
Колку ти чинат овците,
Толку ми чинат очите,
Аман, оф аман,
Толку ми чинат очите.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика