Прејди на содржината

Легнало, моме заспало

Од Wikisource
Легнало моме, заспало,
легнало моме, заспало,
под едно дрво високо.
Легнало моме, заспало,
легнало моме, заспало,
и сладок сон сонувало.
Оздола иде либето,
оздола иде либето
и на момето зборува.
Ај да те водам до село,
ај да те водам до село,
свадба да си направиме.
Свадба да си направиме,
свадба да си направиме
и двајца да се земиме.

Поврзано

[уреди]