Коста Солев Рацин/ Решен ли е македонскиот вопрос?

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Решен ли е македонскиот вопрос?

од Коста Солев Рацин
Статијата е објавена како што е оригинално напишана, со правопис кој го користел Рацин.
Македонија е ослободена... Вековните желанија на македонскиот народ се постигнати... Македонскиот вопрос е решен!...

Со тија пароли и радосни речи блгарските фашисти го поздравија разгромуењето на бивша Југославија и германското окупирање и присоединение на Македонија кај фашистичка Блгарија.

Сос ниф требеше да се увери македонскиот народ дека неговата слобода е зависима от победата на Хитлера. Ако тој падне [недовршена реченица во оригиналот]

Така сега мислат и говорат Хитлеровите агенти у Блгарија и Македонија. Југославија е разгромена, Македонија просоединена кај „мајка“ Блгарија. Со това се тура крај на македонската национално-ослободителна борба.

Ако порано српските шовинисти и фашисти признаваја само еден народ у Македонија, српскиот, така исто денеска и блгарските фашисти признавајат да у Македнија живејат само блгари. Разбира се, за това и едните и другите имајат купишта „научни“ и „историјски“ доказателства и тапии, но при се това македонбскиот народ со сила го правеја српски или блгарски. А истината беше само това што у Македонија као срби или блгари се осекјаваше едно малко или поголемо малцинство от народот. Огромниот дел од македонскиот народ [недовршена реченица во оригиналот]

По национални осекјаи Македонија претстављавала и сега претстављава едно шаренило. Само по вери М. се дели вака: ++++++++

Според овија бројки, у најраниот случај као блгари би могле да се осекјавајат само православните. Но нифниот процент е поголем од 50%. Муслиманите евреите и др. не се осекјавајат и не може да се осекјавајат као блгари. Муслиманите се турци и арнаути.

Ете зошто македонскиот национален вопрос е интернационален вопрос. Неговото најарно решение не може да се постигне у национални рамки ами на мегјународен терен.

Требе да се зачитава и брани правото на онија што се сметајат како блгари, но од ниф требе да се сака да го зачитавајат и бранат това право за онија кои не се блгари.

Фашистичкото решение може да стане по патот на анексија - присоединуење на Македонија кај една от балканските држави и угнетуење на другиот дел от народот.


Поврзано[уреди]

Извор[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.