Коста Солев Рацин/ Болшевичка партија

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Болшевичка партија“

од Коста Солев Рацин
Статијата е објавена како што е оригинално напишана, со правопис кој го користел Рацин.
Болшевичката партија е ден нарочен тип политичка организација. Она не е просто партија на политички едномишленици, како што се граѓанските и социјалдемократските партии. Она не е ни ограничена политичка група, какви групи се верските секти. „Болшевичката партија е врховна организација на работничката класа, нејзина борбена авангарда и нејзин водич“ (Ленин). Оттука иде и нејзиниот нарочен тип, различит от типот на другите партији.

У периодот на решителните класни збиванија, на отворени и директни револуционерни акции и подготовки за зимање на властта, пролетариатото се нуждее от една борбена и револуционерна партија, организирана и централизирана како секоја друга борбена единица. Натрешниот распоред на таква партија требе да биде исто боен, а дисциплината железна. Таква партија е болшевичката партија.

Природно е дека секој требе да стори извесни предусловија, пред да му се отвори „железната врата“ на таја партија. Ете зошто „болшевичката партија не може да прибере повечку от еден дел на работничката класа, оти под условијата на капитализмот, класносвесните работници не се повечку от тој дел“ (Ленин). Но това требе убаво и правилно да се разбере, та от таква партија да не се направи некоја секта ели конспиративен еснаф.

Класната битка, револуционерната битка на пролетаријатот за куткање на буржоазијата и васпоставуење на пролетерска власт, е како секоја друга битка. И она си има свои закони на водење на акција, своја стратегија и тактика, своја наука за победата на пролетаријатот. И као што секоја битка ја раководи еден организатор и боен штаб, така и класната битка на пролетаријатот си има свој организатор и боен штаб: това е неговата болшевичка партија. И пролетаријатот има свои ударни и резервни сили, от чието правилно распоредуење и исползуење зависи исходот на битката. Широките експолатисани маси и пролетариатот водат секојдневни борби, пројавуат стихијна револуционерност, но само со ниф не можат да постигнат крајни постиженија. Но само класносвесната авангарда, болшевичката партија на пролетаријатот може да ги поврзе тија секојдневни со општите борби, и таја стихијна револуционарна со плански акција за куткање на буржоазијата и постижение на крајни успеси. Ете како партијата стануе организатор на пролетерската битка и го држи у своите раци нејзиниот боен штаб. Ако пролетаријатот и масите се претстават како бојна армија, партијата е нејзиниот организатор и командант. Масите се војници, а парцијците офицери. Само така може да се води победоносна класна битка против буржоазијата, коа од своја страна претставува организирана бојна армија, на чело со својот класен државен апарат. Таја организирана сила може да се кутне само со друга организирана сила. Иначе, организираната сила секој пат ја повасуе неорганизираната, стихијната акција на масите секој пат се свршуе безуспешно, штом на нифното чело не стои една свесна и железно организирана авангарда, која ги раководи и полтички гледа по-далеку от ниф. Таја авангарда е болшевичката партија.

„Партијата требе да биде авангарда на работничката класа. Она требе да ги групира најарните елементи, страстнати со нејзиното искуство, со нејзиниот револуционерен дух, и безгранично предадени на делото на пролетаријатот. За да одговори на таја своја задача, партијата требе да се вооружа со револуционерна теорија, за да ги познае законите на движението, законите на револуцијата. Иначе, она не ке може да го поведе пролетаријатот и да ја раководи неговата битка... Партијата требе да оди на челото на работничката маса, да гледа по-далеку од неја. Оти она е политички шеф на пролетаријатот“ (Сталин).

Што значи сичко това?

Еве што: 1) Партијата е најелитниот, најреволуционернијот и најверниот дел на работничката класа, организиран у бојна политичка единица, за да ја организира и води класната борба на пролетаријатот до крајната победа. Затова, партијата требе секој пат да стои над нивото на масите, кои требе да се уверат и убедат на дело дека партијата стои по-високо и гледа по-далеку от ниф, та да и дозволат да ги раководи. Иначе, штом партијата се изедначи со масите, штом се изгуби у нифните редови, престанува да биде ....[оштетен текст] водач, ами воден. Партијата не смее никој пат да биде... [оштетен текст] нејзината работа нејзиното бдение над масите. У сите по-важни политически, економски и др. собитија, кои ги интересујат масите, партијата требе да се осети со своиот политички став, со својата интервенција. Она не требе да чека спонтана акција на масите, па да влезе у дејство, ами таква требе да ја предвиди и поведе. За партијата нема никога пауза: има само смена на формите на работата, кои зависат от дадените условенија и околности. Иначе, ако партијата се самозадоволуе само со активност меѓу своите членови, ако незнае да си направи и одржава тесни врски со масите, ако се зачаури у конспиративност и не умее да се пројави башка от конспиративноста - она се изродуе у една секта и не повеке. 2) Партијата требе да умее да ги предвиди и разбере политичките догаѓаји, да не биде изненадена от ниф, ами да може веднага што по-правилно да се ориентира и прилагоди. Ете зошто е неопходно нејзините елементи да располагајат со партијното искуство и да ги познавајат „законите на движението, законите на револуцијата“. Една вистинска болшевичка партија секој пат се одликуе по својата брза и правилна ориентација.


Поврзано[уреди]

Извор[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 50 години.