Кондисал Ајрудин паша

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кондисал Ајрудин паша, аман,
кондисал карши Галичник.
Наличил силни топови, аман,
да ми го горит Галичник.
Галичник село големо, аман
Стамбол на ѓузум пишано.
Извадил ѓузлум дулбија, аман,
догледал чешма упија.
На чешмата до две девојки, аман,
две девојки и една невеста.
Девојки платно белеа, аман,
невеста вода носеше.
Излегол Тодор Попоски, аман,
со ќеаните по него.
Јагне сугаре носеа, аман,
сељам на паша чинејет.
Сељам на паша чинејет,
да не го горит Галичник.
Жалба му падна на срце, аман
дигна си силни топови.
Дигна си силни топови, аман,
не го запалил Галичник.
Галичник, село големо, аман,
в Стамбол на ѓузум пишано.

Поврзано[уреди]