Кондисал Ајрадин Паша

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кондисал Ајрадин Паша


Кондисал Ајрадин паша, кондисал карши Галичник.
Наличил силни топови, да ми го горит Галичник,
Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.
Извадил ѓузлук дулбија, догледал чешма Упија.
На чешмата до две девојки, две девојки и една невеста.
Девојки платно белеје, невеста вода носеше.
Излегол Томо Томоски со ќеаите по него.
Јагне сугаре носеје, селам на паша чинеје.
Селам на паша чинеје, да не го горит Галичник.
Жалба му падна на срце, дигна си силни топови.
Дигна си силни топови, не го запали Галичник.
Галичник село големо, Стамбол на ќутук пишано.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]