Коледарска песна (7)

Од Wikisource

Коледарска песна

од народна песна


 - Сива, сива гулабице, од коде си долетала

до нашего господина? Шчо чинеше наш господин?

- Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,

да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.

Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]