Качунцице, цветице, јо Лазаре,
ал го виде Лазара?
— Видов и го невидов
овој петок до други.
Две цвеќа се заблазвеет:
првото е качунката,
второто е тр’ндафилот.
Му говорит качунката:
— Бладзе тебе, тр’ндафиле,
шчо си имаш мила мајка,
те развиваат стреде лето,
стреде лето в црвеника,
те береет невестите,
те носеет на цулофи,
јунаците по калпадзи,
девојките по плетенки,
дечињата во р’чиња!
Тешко мене, качунчица,
шчо си имам зла машчаа,
ме развиват стреде зима,
стреде зима, коложега,
ме береет овчарите,
ме носеет во пепелта.
И в година да дочекаш!